Женската репрезентација на Данска се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри, откако ја совлада Германија со 28-27.
Германките не се предаваа и одржуваа рамнотежа на мечот со големиот фаворит, а клучниот момент беше во вториот дел.
По 22-21, Мајдхоф доби исклучување, тоа беше искористено од данските репрезентативки со серија од четири гола за 26-21 да го решат прашањето на победникот.
Иако до крајот Германија се врати на минус еден, сепак немаше време за нешто повеќе од минимален пораз на овој натпревар.
Најдобар стрелец кај победникот беше Хојлунд со осум погодоци, додека Фрис и Иверсен дадоа по пет. Во германскиот состав, Бехренд стрелаше шест пати.