Амбициозниот тим на Металург Автокоманда полека го комплетира ростерот пред стартот на новата сезона во Женската лига.
Нов договор на една сезона е потпишан со една од најдобрите ракометарки во клубот, голманката Амра Терзиќ.
Претходно Металург Автокоманда ја продолжи соработката и со кружниот напаѓач Анастасија Трпеска, левиот бек Таида Беровиќ, левото крило Сара Миновска, средниот бек Исидора Котевска, како и десното крило Марија Гугуљанова.
До овој момент клубот се засили со Симона Грујовска, Стефани Ристиќ, Ивана Димоска, Софи Ѓошевска, Анастасија Величковска и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.
Тимот од Автокоманда во дебитанската сезона во Женската лига го освои третото место и избори излез на европска сцена, во Европскиот Куп, а таму ќе се сретне со турскиот Гореле.