Како и клубовите, така и играчите тактизираат со сумите што ги нудат, односно бараат, но тоа е нормална работа на трансфер-пазарот. Повеќе македонски ракометари кои ги напуштија претходните клубови на крајот на минатата сезона, се уште немаат пронајдено нови средини.
Малку од македонските клубови ги имаат затворено играчките ростери пред стартот на новата сезона, а како по навика екипите се комплетираат на крајот на август или пред стартот на натпреварите.
Како и клубовите, така и играчите тактизираат со сумите што ги нудат, односно бараат, но тоа е нормална работа на трансфер-пазарот. Повеќе македонски ракометари кои ги напуштија претходните клубови на крајот на минатата сезона, се уште немаат пронајдено нови средини.
Меѓу нив се Стефан Крстевски, Мице Шилегов, Никола Стоилевски, Христијан Милошески, Виктор Василевски, Давор Шокоски, Есад Дрпљанин, Стефан Трпчевски…Kрстевски беше дел од Бутел Скопје две сезони, додека Шилегов играше во Голден Арт, исто како и Милошески и Дрпљанин.
Василевски го бранеше голот на двата клуба од Автокоманда, додека Трпчевски ги бранеше боите на Еурофарм Пелистер. Стоилевски настапуваше за Охрид и имаше опција за останување, но реши да не продолжи таму. Шокоски, пак, беше дел од Скопје и беше меѓу најдобрите стрелци во клубот.
Летниот преоден рок во македонскиот ракомет трае од 1 јули до 1 септември, а потоа клубовите може да ангажираат само странци или македонски ракометари кои не биле регистрирани за ниту еден друг клуб во нашата држава. Зимскиот преоден ќе почне на 1 јануари и ќе трае до 28 февруари.
Новата сезона во суперлигашкото друштво ќе започне на 7/8 септември, а регуларниот дел ќе трае до крајот на март 2025 година.