Селекцијата на Шпанија им се врати на победите на Олимписките игри во Париз, откако славеше против Јапонија со 37-33.
„Самураите“ успеваа да парираат во најголем дел од првото полувреме, но во вторите триесетина минути Шпанците комплетно доминираа.
На паузата беше само 20-18 за Шпанија, а во вториот дел предноста се движеше најчесто меѓу три и пет гола.
Најдобар стрелец кај Шпанците беше Каулди Одриозола со шест гола, пет даде Даниел Душебаев, а по четири имаа Алекс и Касадо.
Во составот на Јапонија доминираа Јасухира и Фуџисака со по седум гола, но тоа не беше доволно за нешто повеќе на овој дуел.