Данска забележа триумф во скандинавското дерби против Шведска со 25-23, откако направи пресврт во последните десетина минути по предноста на Швеѓаните со 23-21.
Сега ситуацијата во групата А е заплеткана. Норвешка, Шведска и Данска имаат по 4 бода, додека Германија, Словенија и Кореја имаат по 2 и трката по четвртфиналето ќе трае до последното коло.
Данските ракометарки тргнаа фуриозно и поведоа со 6-1, но високата предност за кратко време се топеше. Швеѓанките влегоа во ритам и направија комплетен пресврт, водеа со 10-9, но на пауза се замина со реми, 14-14.
Избраничките на Томас Акснер водеа со 23-21, но во последните десетина минути многу грешеа. Мете Хансен, Хојлунд и Иверсен се погрижија за камбек на Данска и водство, 24-23.
Хагман не реализираше, потоа погреши и Хојлунд на спротивната страна, па уште две грешки на двете селекции и цели три минути немаше реализација, пред Фрис во последната секунда да ги постави конечните 25-23 за Данска.
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Иверсен, Мете Хансен и Фрис со по четири гола, а Тофт и Рајнхарт комбинираа девет одбрани. Кај Шведска, 12 одбрани имаше Бундсен, а Хагман беше најдобра со шест погодоци.