Ракометниот Суд за жалби на Европската ракометна федерација денеска уште еднаш ја потврди првостепената одлука за случајот на Драган Начевски, кој се однесуваше на непријавувањето на прекршок.
Начевски беше oслободен од функцијата претседател на Судиската Комисија во мај 2023, откако не го пријавил разговорот во ЕХФ.
Тој веднаш се жалеше на одлуката, бидејќи нема никаква вина, па случајот беше вратен на ново разгледување и денеска ЕХФ објави дека е потврдена првостепената одлука.
Суспензијата од две години важи од денот на потврдата на одлуката, 12 април 2024, но ќе биде намалена за два месеци, односно за периодот од денот на одлуката на Ракометниот Суд до денот на жалбата.
За тоа време Начевски нема да може да извршува никакви функции во ЕХФ, ниту да извршува активности поврзани со европската куќа на ракометот. Покрај тоа ќе треба да плати и казна од 5.000 евра.