Третиот ден на женскиот Олимписки турнир во Париз започна со убедлива победа на селекцијата на Германија против Словенија со 41-22.
Иако Германија по првите две кола имаше два порази, сепак избраничките на Маркус Гаугиш одиграа скоро перфектно против Словенките.
Победата ја најавија уште по првото полувреме кога беше 16-9, а во вториот дел комплетно го надиграа противникот.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Смитс и Лот со по седум погодоци, додека шест за Словенија даде Грос.
Сега Германија има два бода и се вклучи во трката по четвртфиналето на Олимписките игри, додека Словенија исто така остана на два.