Добар дел од ракометните суперлигаши ги почнаа подготовките за новата сезона, а другите тоа ќе го сторат деновив, најдоцна по Илинден, и сите се со цел да ги исполнат зацртаните планови. Познати се и турнирите кои традиционално се одржуваат во август, па и оние надвор од Македонија каде нашите клубови ќе ја темпираат формата. Некои се во своите сали, некои на планина, ама сите забрзано работат.
Но, останува прашањето, како и за кој период да ја темпираат формата за првенството кога Ракометната федерација за Македонија се уште е на летување, и од Натпреварувачката комисија нема ниту глас кога ќе биде ждрепката за сезоната, двојките, и најважното – КОГА ПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА. Сериозните федерации, ждрепките ги извршија уште во јуни, а некои сега во јули.
Дали навреме ќе се воиграат, ќе бидат во топ форма кога ќе почне првенството, кога ќе бидат дерби средбите, кога се домаќини. Сетоа тоа носи потреба од логистика во клубовите, но и правње стратегија. Засега сите прват стратегија, на празно.
Па дури и навивачите да знаат кога нивниот омилен клуб игра? Кога е дербито против најголемит ривал? Да можат да си обезбедат слободен термин. Се во функција на доброто и развојот на спортот.
Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел Скопје…веќе започнаа со подготовките, иако досега немаат добиено официјално информации од македонската куќа на ракометот за стартот на новата сезона за да можат да ги планираат своите активности.
Покрај тоа Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Тиквеш имаат и европски настапи, па мора да ги усогласат со домашните календари, да имаат време за тренирање, играње, патување…
Во однос на лани, системот на натпреварување ќе биде различен, а со самото тоа и бројот на натпревари ќе биде зголемен. Лани се одиграа 28 натпревари, односно по 14 во регуларниот дел и во плеј-оф, односно плеј-аут.
Сега ќе играат 12 екипи, во регуларниот дел ќе имаа 22 кола, плус уште десет кола во разигрувањето за титула и опстанок, тоа се 32 натпревари, за кои клубовите не знаат кога ќе ги одиграат. Тука се и ЕХФ неделите наесен и уште две напролет, натпреварите од Купот на Македонија, па веќе одамна требаше да биде познат календарот.
За разлика од нашата куќа на ракометот која се смета за една од најдобро огранизираните федерации, барем во нашата земја, во другите земји веќе одамна се знае кога ќе почната првенствата, кои се двојките во секое коло, термините, а некои федерации дири ги имаат одредени и саатниците на натпреварите. Но, тоа е во некои „обични“ федерации.
Ако случајно сакате да знаете кога има некоја интересна дерби средба во некои од земјите како Германија, Франција, Словенија, Унгарија, Србија, Грција.. можете да го најдете на следните линкови.
Франција – https://www.lnh.fr/liquimoly-starligue/calendrier
Хрватска – https://hrs.hr/2024/06/24/aktivnosti-hrs-a-obavljen-zdrijeb-startnih-brojeva-za-novu-sezonu/
Германија – https://www.daikin-hbl.de/de/s/spielplan-abonnieren/liqui-moly-hbl/
Шпанија – https://asobal.es/documentos/Calendario-Liga-Plenitude-2425.pdf
Австрија – https://www.hla.at/saison/meisterliga-liga-meldungen/5653-bekanntgabe-rundenspielplan-hla-meisterliga-2024-2025.html
Норвешка – https://www.handball.no/system/kamper/turnering/?turnid=427572#allmatches
Италија – https://www.federhandball.it/news/19387-si-svela-anche-la-serie-a-silver-pubblicato-il-calendario-2024-25.html
Данска – https://tophaandbold.dk/kampprogram/herreligaen
Романија – https://frh.ro/clasament.php?id=1070
Словенија – https://www.rokometna-zveza.si/si/novice/2024/0/11116-Moski-prvoligasi-se-na-igrisca-vracajo-7-septembra
Србија – https://rss.org.rs/files/31/KALENDAR_TAKMICENJA_2024_2025.pdf
Грција – https://www.handball.org.gr/portal/press-room/news/handball-premier/nea/4651-handball-premier-2024-2025
Унгарија – https://mksz.hu/napi-musor
Кај нас се споменува старт на викендот 7/8 септември, но за тоа нема никаква потврда. Подеднакво важно е и кога ќе се усвојат Пропозициите за Лигите, во кои ќе бидат одредени многу од правилата. Лани конферецијата на клубовите во сите нивоа се одржаа на неколку дена пред почетокот на сезоната, на неколку часа пред Собранието каде клубовите немаа шанса да ги разгледаат сите предлози што се вметнати во Пропозициите. Едноставно мораа да ги изгласаат за да може навреме да почне Собранието на РФМ.
Изгледа пак ќе биде се набрзина, се за половина час, како и вообичаено.