Поранешниот шампион на Македонија, Куманово, ја промовираше втората нова ракометарка за претстојната сезона во Женската лига.
Некогашната репрезентативка и членка на кумановскиот тим, Александра Боризовска, се враќа дома и ќе биде големо засилување за составот предводен од Славиша Димитријески.
Боризовска замина пред три сезони од Куманово, играше за хрватскиот Умаг, како и за грчкиот ПАОК Солун.
Со ПАОК Солун освојуваше титули во грчкиот шампионат и трофеи во Купот, а сега се враќа дома да му помогне на матичниот клуб.
Претходно Куманово го договори камбекот на левото крило Мила Трајковиќ, која играше за Металург Автокоманда.