Откако беа потврдени групите на третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, познат е и распоредот на натпреварите.
Сите натпревари ќе се играат во СРЦ „Билјанини Извори“ во термините од 16:30, 18:45 и 21:00 часот.
На 20 август турнирот ќе го отворат освојувачот на Купот на Македонија и српскиот Динамо Панчево, а во вечерниот термин ќе играат Охрид и Вардар.
Домаќинот на 21 август го очекува дуел со уште еден поранешен европски првак Целје, а на 22 ќе игра против Партизан.
Финалето е закажано за 20:00 часот на 24 август.
Меморијален турнир „Крсте Андоновски“, распоред на натпревари:
20 август
16:30 Алкалоид – Динамо Панчево
18:45 Ловќен – Олимпијакос
21:00 Охрид – Вардар
21 август
16:30 Динамо Панчево – Олимпијакос
18:45 Партизан – Вардар
21:00 Охрид – Целје
22 август
16:30 Партизан – Целје
18:45 Динамо Панчево – Ловќен
21:00 Алкалоид – Олимпијакос
23 август
16:30 Алкалоид – Ловќен
18:45 Охрид – Партизан
21:00 Вардар – Целје
24 август
10:30 меч за седмо место
12:30 меч за петто место
17:45 меч за трето место
20:00 финале
Ристески најави: Турнирот „Крсте Андоновски“ брзо ќе стане препознатлив охридски и македонски бренд