Познат женскиот Бундес тим за Олимпијада

Селекторот на женската репрезентација на Германија, Маркус Гаугиш, го објави списокот на ракометарки пред Олимписките игри во Париз.

Гаугош ќе смета на 14 ракометарки, а во резервите останаа голманката Дина Екерле, левото крило Амели Бергер и левиот бек Миа Чоке.

Тука се Белк, Смитс, Бенке, Шмелцер, Гријселс…па Германија има состав со кој ќе може да им парира и на најсилните.

Германија ќе биде во групата A со трите скандинавски селекции – Норвешка, Шведска и Данска, како и со Словенија и Кореја.