Противникот на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Спортинг Лисабон, се пофали со трио засилувања.
По левото крило Диого Бранкињо, кој дојде од големиот ривал Порто, португалскиот шампион ангажираше двајца голмани, пивот и среден бек.
Спортинг ја засили голманската позиција со египетскиот чувар на мрежата, Мохамед Али, кој претходно беше член на шпанскиот Синфин и германскиот Битигхајм, а доаѓа и младиот Сантијаго Повоа од Карваљос.
На пивотменската позиција ќе игра Швеѓанецот Вилијам Холгхием, кој досега настапуваше за францускиот Нант, додека нов играч е и средниот бек од Аргентина, Педро Мартинез.
Спортинг претходно се раздели со левиот бек Араухо и голманот Масиел.