По ждрепката за натпреварувачките броеви во Супер и Женската лига, на ред дојде и Првата лига. За новата сезона се пријавија 19 клубови, според пропозициите треба да се игра во две групи, но дали ќе играат сите пријавени клубови, ќе биде познато наскоро.
Голем проблем за прволигашите е ваучерот, кој не беше исплатен минатата сезона, најголем дел од нив немаат почнато ниту со тренинзи за новата сезона и повеќето се борат со финансиските проблеми. Според информациите на 24Ракомет, најмалку две екипи, иако се пријавени, нема да го започнат натпреварувањето.
Во регуларниот дел, што ќе се игра во две групи, ќе се одигра по еднокружен бод систем (домаќин-гостин), односно вкупно 18 кола. По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат две групи, плеј-оф со десет екипи, односно по петте првопласирани од двете групи, и плеј-аут, во кој ќе играат сите останати екипи.
Во плеј-оф и плеј-аут групите се пренесуваат резултатите и бодовите постигнати со
екипите со кои веќе се играло во регуларниот дел во групата, а се пласирале во иста група. По 18 кола од регуларниот дел, екипите ќе одиграат уште десет кола (домаќин-гостин) само со екипите кои играле во другата група во регуларниот дел.
Првопласираната екипа од плеј-оф влегува директно во Супер лига, а второпласираната екипа од плеј-оф ќе игра еден бараж натпревар со петто пласираната екипа во плеј-аут групата од Супер лига.
Според планот, прволигашката конкуренција треба да стартува викендот на 14/15 септември.
Прва лига, 2024/25, ждрепка:
шешир 1: Еурофарм Пелистер 2, Вардар Неготино
шешир 2: Мулти Есенс, Голден Арт
шешир 3: Скопје, Аеродром
шешир 4: Младост Богданци, Драчево
шешир 5: Металург РА, Јехона
шешир 6: Македонија ЃП, Шампион
шешир 7: Овче Поле, Партизан Гевгелија
шешир 8: Кичево, Астраион
шешир 9: Текстилец, Преспа Вардар
шешир 10: Борец
*Ранкингот е направен врз основа на пласманот од минатата сезона. Ако има откажувања во меѓувреме, тој ќе биде адаптиран.