Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, по кратка пауза ќе се врати во клубот каде што настапуваше во вториот дел од минатата сезона.
Битолчанецот ќе го носи дресот на Цвикау, клуб кој се натпреварува во петтата по квалитет Бундес лига.
Во Цвикау настапува и еден од најдобрите странци што играле во Македонија, десното крило Реваз Чантурија.
26-годишниот ракометар во првиот дел од минатата сезона беше дел од босанскиот суперлигаш Коњух, но не доби голема шанса да ги покаже своите квалитети.
На интернационално ниво настапуваше за Гвадалахара од Шпанија и Јуниор Фасано од Италија, додека во Македонија беше дел од првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, а краток период мина во дресот на Струга.