Некогашната ракометарка на Вардар, Барбара Лазовиќ, по Олимписките игри во Париз ќе ја заврши играчката кариера.
По 18 години активно играње ракомет, Лазовиќ реши дека е доста со ракомет и како круна ќе биде настапот на ОИ.
Десниот бек има 36 години, потекнува од Брежице, а на стартот на кариерата мина две сезони во Крим. Следуваше една сезона во српскиот Зајечар, па камбек во Крим каде играше до 2014 година.
Потоа Лазовиќ се пресели во Скопје и го носеше дресот на Вардар четири сезони, во кои четири пати стигна до Ф4 во Лигата на шампионите.
Настапуваше во два наврати за ЧСМ Букурешт и за Будуќност, пред во 2022 година да се врати во Крим, кој е нејзиниот последен клуб во кариерата.