Црногорскиот шампион Ловќен ќе претрпи промени во играчкиот ростер, откако се раздели со шест ракометари, сите беа важна алка во тимот.
Клубот од Цетиње го напуштија Иван Перишиќ, голманското дуо – Филип Борзан и Зарија Лутовац, Милорад Бакиќ, Филип Кривокапиќ и Лука Вујовиќ.
На екс ракометарот на Охрид, Филип Кривокапиќ, не му требаше многу време да најде нов клуб и во следната сезона ќе настапува во некогашниот европски првак Борац од Бања Лука.
Ловќен во изминатата сезона, освен на домашна сцена, учествуваше и во европски рамки, беше дел од групниот сегмент од Лигата на Европа, но настапот во второто по ранг европско клупско натпреварување го заврши без освоен бод.
До овој момент, раководството на Ловќен ги ангажираше Ѓорѓе Перуничиќ и Божо Брновиќ од големиот ривал Будванска Ривиера.