Една од најдобрите полски ракометарки, Каролина Кудлач Глоц, веќе три години не игра за националниот тим.
39-годишната Кудлач настапува за германскиот Лудвигсубрг, има одлични партии и го водеше својот тим до Ф4 во Лигата на шампионите.
Но и покрај тоа не добива повик за репрезентацијата, иако е рекордерка по бројот на постигнати голови.
„Репрезентацијата е сложена тема за мене. Поминаа три години откако престанав да играм за Полска, иако тоа не беше мое решение. Јас би сакала да беше поинаку, затоа што сите знаат колку ми е важен националниот тим. Многу и дадов на Полска и многу би сакала да и дадам. Ми се допаѓа да играм за репрезентацијата, бидејќи тоа е нешто посебно. Но не секогаш се остварува тоа што го сакате. Имам скоро 40 години и играм на високо ниво во Лигата на шампионите и во Бундес лигата“, вели Кудлач Глоц.
Женската репрезентација на Полска играше на ЕП 2022, но беше елиминирана во групната фаза, додека на СП 2023 се пласираше во главната рунда.
Под водство на норвешкиот селектор Арне Сенстад, Полска се квалификуваше и на ЕП 2024 година, а ќе биде домаќин на ЕП 2026 и на СП 2031 година.