Поранешниот член на Охрид, Филип Кривокапиќ, се враќа на интернационалната сцена, откако реши да ја прифати понудата на Борац од Бања Лука.
Црногорскиот репрезентативец последните две сезони ги мина во својата татковина, поточно во тимот на Ловќен, со кој во изминатата сезона настапуваше во Лигата на Европа.
Средниот бек со стекнатото искуство низ настапите во Македонија и Унгарија се очекува да биде големо засилување во некогашниот европски првак.
Борац во сезоната што измина заврши на второто место во босанскиот шампионат и избори пласман на европска сцена.