Европската ракометна федерација за првпат во историјата додели организација на две младински првенства во иста година на една иста држава.
Црна Гора ќе биде домаќин на женското кадетско и младинско Европско првенство што ќе се играат следното лето.
Младинското ЕП ќе биде на програмата од 9 до 20 јули, додека кадетското ЕП ќе се игра од 30 јули до 10 август следната година.
Во 2025 за првпат на женските кадетски и младински ЕП ќе играат по 24 репрезентации, а тоа ова лето ќе биде случај и во машка конкуренција.
Младинките на Македонија имаат директно место на ЕП, а исто така и кадетките ќе бидат дел од континенталниот собир без квалификации.