Денеска во Македонија стартуваше Светското младинско првенство, а на првиот ден беа одиграни сите натпревари од првото коло.
Македонската репрезентација на првиот ден имаше лесна задача против САД, триумфираше со високи 32:15 (15:6).
Од групата Х, во која се наоѓа Македонија, репрезентацијата на Исланд славеше над Ангола со пет гола разлика, 24:19.
На останатите натпревари победа остварија репрезентациите на Јужна Кореја, Унгарија, Швајцарија, Португалија, Романија, Египет, Чешка, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка, Германија, Црна Гора и Франција.
Утре со натпреварот меѓу Чиле и Швајцарија, односно Египет и Тунис, ќе стартува второто коло на младинскиот Мундијал.