Женската младинска репрезентација на Македонија од утре го започнува настапот на Светското првенство во Скопје.
Селекторот Дарко Јанев имаше големи проблеми со ростерот и повредите на дел од клучните ракометарки.
По Теодора Дукоска, остана и без Марија Јанкуловска, која го скрши стопалото на тренинг, а не може да смета ниту на Александра Коловска, Нена Нестороска, Ива Велкова…
Од оние 21 што ги минаа подготовките во Маврово, отпаднаа Исидора Котевска и Ева Ѓорѓиевска, а по повредата на Јанкуловска, во комбинација ќе останат уште 18 ракометарки – микс на кадетки и младинки.
Македонија е во група со САД, Ангола и Исланд, а првата средба ја игра против селекцијата на САД во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:15 часот.
Состав на Македонија:
голманки: Јовановска, Чурлиновска, Ѓорѓиевска
крила: Миленкоска, Равојска, Павлова, Ризоска, Радевска
пивоти: Попова, Трпеска, Мифтари
бекови: Стефаноска, Величковска, Кралева, Богојеска, Младеновска, Коцева Борјана, Коцева Бојана