Дека Битола треба да добие нова спортска сала е тема на која одамна се зборува. Самиот факт дека Еурофарм Пелистер минатата сезона потрошил многу време и енергија за организациските подготовки за Лигата на шампионите дополнително го поттикнува тоа прашање.
По две шампионски титули во низа и учество во ЛШ, нели е време таа идеја да добие и реализација?
„Во Битола има консензус дека нов спортски објект е неопходен и за тоа се едногласни сите инволвирани страни. Потребен е нов објект, посовремен, и од аспект на енергетска и функционална ефикасност, во кој можеби ќе има и тренинг сала и сала за одигрување натпревари. Битола со оваа спортска актива која ја имаме во последниве години го заслужува тоа. Ветувањата се дека за брзо ќе започне изградба, но тоа е нешто што треба да го направат или општината, или државата. Работиме и на тоа да направиме заеднички проект со некој од пристапните фондови, кој ќе ни овозможи на полесен начин да стигнеме до материјалните сретства кои ќе се искористат за таа намена.“
Стерјев веднаш објасни и дека салата не е услов за учество во Лигата на шампионите следната сезона. За оваа и други теми прочитајте во интервјуто со првиот човек на македонскиот првак…
ИНТЕРВЈУ ЗОРАН СТЕРЈЕВ: Ракометот е традиција која се негува!