Поранешниот младински репрезентативец Стефан Трпчевски по завршената сезона одлучи да стави крај на својата кариера.
Десниот бек играчката кариера ја заврши во Еурофарм Пелистер 2, тим во кој настапуваше откако се врати од странство, поточно од шпанскиот Бургас.
Битолчанецот на интернационално ниво беше дел и од финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и Фаикас Корфу од Грција.
Трпчевски потекнува од Пелистер, а на домашна сцена ги носеше дресовите и на Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.
27- годишниот ракометар својата одлука за повлекување од ракометните терени ја соопшти преку социјалните мрежи.