Според пишувањата на „RTH Handball“, левото крило на Шведска, Хампус Ване, кариерата ќе ја продолжи во ПИК Сегед, но откако ќе го заврши својот престој во Барселона.
Швеѓанецот со новиот европски првак има актуелен договор, кој е со важност до летото, 2025 година. Ова лето ПИК Сегед ќе го преземе Микел Апелгрин, па така полека во унгарскиот вицепрвак ќе се создава скандинавска колонија.
30-годишниот Ване во каталонскиот гигант се приклучи во 2022 година и со раководството на клубот потпиша тригодишен договор. Пред неколку дена го освои вториот трофеј во Лигата на шампионите.
Првиот трофеј во европската елита го освои во сезона 2013/14 со Фленсбург, клуб во кој мина цели девет сезони.
Од ова лето на ПИК Сегед ќе му се приклучат Тобијас Тулин, Јанус Дади Смарасон, Лазар Кукиќ, Жереми Тото и Магнус Род.