Машката младинска репрезентација на Македонија во Маврово ја одработува првата фаза од подготовките за настапот на Европското првенство во Словенија.
Избраниците на Раде Стојановиќ ќе имаат три силни проверки пред настапот на континенталниот собир.
Како што објави романската федерација, покрај Македонија и домаќинот на турнирот „Трофеј Карпати“ ќе играат уште селекциите на Србија и Полска.
Турнирот ќе се одржи во градот Васлуи, ќе се игра од 27 до 29 јуни, по принципот секој со секого во трите дена.
Македонија е во група со Хрватска, Црна Гора и Австрија на Европското првенство во Целје, Словенија, кое ќе се игра од 10 до 21 јули.