Селекторот на машката сениорска репрезентација на Шведска, Глен Солберг, го објави конечниот список за настап на Олимписките игри во Париз.
Солберг откри дека Микаел Апелгрен, Андреас Нилсон и Џонатан Едвардсон ќе бидат меѓу резервистите.
Најголеми адути на Солберг сѐ голманот Андреас Паличка, левото крило Хампус Ване и средниот бек Џим Готфридсон.
Меѓу повиканите ракометари се и Феликс Клар, Албин Лагерген, Лукас Сандел, Тобијас Тулин…па така Шведска ќе има конкурентен тим за висока позиција.
Европскиот првак од 2022 за ривали во својата група ги има репрезентациите на Шпанија, Хрватска, Германија, Јапонија и Словенија.