Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед ја продолжи соработката со искусниот голман Роланд Миклер и за наредната сезона.
Иако се шпекулираше со негово заминување во Ференцварош или Ѓер, сепак тоа нема да биде случај, барем не ова лето.
За разлика од штотуку завршената сезона, Миклер ќе има друг партнер на голот, откако Емил Инсгард заминува од ПИК Сегед по само една сезона.
Тој ќе настапува за новиот суперлигаш во Данска, ХОЈ, кој меѓу другите засилувања, го донесе и легендарниот Ханс Линдберг.
Миклер ќе брани во тандем со шведскиот репрезентативец Тобијас Тулин.