МВП НА 14. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ДАРИО СИМОНОСКИ (КУМАНОВО)

Ракометарот на Куманово, Дарио Симоноски, го доби признанието за најкорисен играч, односно за МВП на последното, 14. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите во важниот триумф против младиот тим од Автокоманда во борба за директен опстанок во Супер лигата.

На гласањето Симоноски освои околу 60%, додека второпласиран беше голманот на Прилеп, Иван Ангелески, кој имаше околу 24% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Номинирани за МВП на 14. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Филип Кузмановски, Богдан Радивојевиќ, Гоце Ојлески, Ласко Андоновкси и Нејц Цехте.