Амбициозниот тим на Металург Автокоманда продолжува да го составува тимот за новата натпреварувачка сезона.
Во составот на Јулијана Дамчевска ќе се приклучи и средниот бек од Скопје, Стефани Ристиќ и кружниот напаѓач од Ѓорче Петров, Ивана Димоска.
За двете ракометарки трансферот во тимот од Автокоманда треба да претставува отскочна даска во кариерата и можност за поголемо напредување.
Металург Автокоманда до овој момент ги има ангажирано уште Софи Ѓошевска, сестрите Бојана и Борјана Коцеви, како и Анастасија Величковска.
Клубот ги продолжи договорите со кружниот напаѓач Анастасија Трпеска, левиот бек Таида Беровиќ и левото крило Сара Миновска.
Ракометарките на Металург Автокоманда во дебитанската сезона во Женската лига завршија на 3. позиција, со што си изборија и пласман на европска сцена.