Тренерот на голмани во машката македонска репрезентација, Нинослав Павелиќ, ќе има нов клупски предизвик во кариерата.
Павелиќ беше дел од големите промени во Нексе Нашице каде работеше на истата позиција и заминува ова лето.
Тренерот на голмани ќе му се придружи на уште еден Хрват – Хрвоје Хорват во швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен.
Павелиќ со Македонија го очекуваат нови предизвици во квалификациите за ЕП 2026, како и на СП 2025 година во Хрватска.