Шампионот Еурофарм Пелистер на крајот од оваа сезона се раздели со седум ракометари што го носеа зелениот дрес.
Станува збор за триото голмани Марко Кизиќ, Калифа Гедбан и Урбан Лесјак, како и пивотите Денис Василев и Матеуш Пиеховски.
Покрај нив од Битола ќе заминат и францускиот интернационалец Руди Сери и македонскиот среден бек Марио Танкоски.
Досега потврдени засилувања се на голманската позиција – Никола Митревски од португалскиот Порто и Филип Ивиќ од францускиот Шамбери.
Македонскиот првак допрва ќе се засили на бековските позиции и на позицијата кружен напаѓач.