Денеска е завршниот ден на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите кај дамите. Во финалето ќе играат екипите на Ѓер и Битигхјам, кои во полуфиналето беа подобри од Есбјерг, односно Мец.
Од сезона 2023/24 кога започна да се одржува Ф4 турнирот кај дамите, завршницата во европската елита се игра во Будимпешта. Две финалина во унгарската престолнина има одиграно поранешниот шампион на Македонија – ЖРК Вардар.
Некогашниот дрим тим на „црвено-црните“ редовно играше на Ф4 турнирите, двапати завршуваше на второто место, а трипати беше третопласиран.
ЕХФ во „МВМ Доме Арена“ во Будимпешта отвори музеј на најдобрите екипи од Ф4 турнирите, а во него простор имаше за и најголемите успеси на црвено-црните“.