На крајот од оваа сезона тимот на Бутел Скопје се разделува со четворица ракометари кои долго време беа дел од клубот.
Српскиот кружен напаѓач во Бутел мина четири сезони, а од лето ќе има нов предизвик во кариерата.
Заминува и најдобриот дефанзивец од минатата сезона во Супер лигата, а тоа е Томче Стојановски, кој се враќа во Вардар по седум сезони во Бутел.
Скопскиот тим ќе остане и без услугите на средниот бек Стефан Крстевски, кој одигра две сезони и кружниот напаѓач Кристијан Василевски, кој е член на Бутел Скопје уште од времето кога овој тим играше во Првата лига.