Новиот полскиот шампион Висла Плоцк, откако ја освои титулата во домашното првенство и сруши Келце, веднаш почна со конструкција на тимот за наредната сезона.
Од Плоцк заминуваат тројца ракометари – левиот бек Тин Лучин, средниот бек Нико Миндегиа и десното крило Гонзало Перез Арсе.
Лучин има комбинација за камбек во татковината и се споменува како ново засилување за хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, додека за шпанските интернационалци нема информација каде ќе ги продолжат кариерите.
Досега потврдени се доаѓањата на десниот бек Марко Паниќ, како и левите бекови Петер Шишко и Золтан Сита, а многу веројатно уште ова лето доаѓа и средниот бек од Целје, Митја Јанц.