Динамо Букурешт за следната натпреварувачка сезона планира да направи поконкурентен тим за Европа, бидејќи романскиот шампион повторно ќе аплицира за вајлд-карта за настап во европската елита.
Тимот на Чави Пасквал оваа сезона беше дел од Лигата на Европа и во второто по квалитет европско клупско натпреварување стигна до Ф4 турнриот во Хамбург. Иако амбициите беа осовјување на трофејот, сепак, Динамо Букурешт заврши на 4. позиција.
Клубот од романската престолнина веќе го одврза ќесето и за следната сезона договори неколку квалитетни засилувања како Бранко Вујовиќ, Јонут Јанку, Ханиел Лангаро…Ростерот за следната сезона не е затворен, постојат уште неколку желби на клубот, пренесува “Handball Basse”.
Една од желбите е репрезентативецот на Австрија, искусниот кружен напаѓач Тобијас Вагнер, кој во оваа сезона настапуваше за Брегенц. Вагнер во својата кариера има играно и во најсилните лиги на светот – Бундес лигата и француската лига.
Во следниот период би требало да се официјализираат трансферите на Јан Тарафета, Демис Григорас и Домен Новак, па Чави Пасквал ќе има повеќе опции на располагање.