Екипата на Кичево победнички ја заврши сезоната, откако во последното коло од плеј-аут фазата во Првата лига триумфираше над Партизан Гевгелија со 38:35.
Домаќините до победата дојдоа со поголемата фокусиранот во финишот од натпреварот, на полувреме резултатот беше нерешен, 17:17.
Предводник во победничката екипа беше Дарко Јаневски со 13 погодоци, а го следеа Никола Нацев и Филип Тошев со по шест погодоци.
Во поразениот табор листата на стрелци беше предводена од Димитар Атанасов и Горан Лисичков, двајцата играчи запишаа по осум реализации.