ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еден суперлигашки и еден прволигашки дуел во Македонија

На денешната ракометна програма во Македонија ќе има вкупно два дуели, еден суперлигашки и еден прволигашки.

Голден Арт ќе биде домаќин на Скопје во рамки од последното, 14. коло од плеј-аут фазата од најквалитетното натпреварување во Македонија.

Овој натпревар ќе биде од формален карактер, бидејќи двете екипи го изгубија суперлигашкиот статус и во следната сезона ќе играат во Првата лига.

Радовиш, кој обезбеди суперлигашки бараж, пред својата публика ќе го одигра последниот сезонски натпревар.

Ракометарите на Радовиш за последен ривал го имаат тимот на Шампион и против скопскиот тим ја имаат фаворитската улога.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ГОЛДЕН АРТ – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:15  КРИЕНС – КАДЕТЕН (ШВАЈЦАРИЈА)
19:00 ФЛЕНСБУРГ – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС)
19:30 РАДОВИШ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ФУКСЕ БЕРЛИН – БЕРГИШЕР (БУНДЕС)
20:30 РАЈН НЕКАР – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС)