Традиционално на крајот на сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната, давајќи им признанија на оние што се одвојуваа на позицијата на која настапуваат.
Ова е шеста (6) сезона по ред како редакцијата на 24Ракомет ги избира ALL STAR тимот, што е веќе традиција, како единствен и независен избор на најдобрите ракометари, и во машка и во женска конкуренција. Покрај за идеалната седморка, ќе се гласа и за најдобар тренер, млад играч и најдобар дефанзивец.
Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.
Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.
ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024
Номинирани се по петмина играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот.
Читателите ќе гласаат за еден од петмината понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).
Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петтемина понудени ракометари по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).
Најдобар тренер на сезоната:
Стевче Алушовски (Охрид) – Со своите избраници направи голем успех, беше обезбеден пласман меѓу најдобрите четири екипи и излез на европска сцена.
Кире Лазаров (Алкалоид) – Две сезони успешно го води амбициозниот клуб од Автокоманда, и во двете сезони обезбедува пласман во ТОП 5.
Раде Стојановиќ (Тиквеш) – Младинскиот селектор го презеде кормилото на Тиквеш по есенскиот дел сезонава, воспостави свој систем на работа, а кавадарчани завршија на петтото место.
Бранко Ангеловски (Еурофарм Пелистер) – По неговото преземање на битолскиот тим, ракометарите на Еурофарм Пелистер заиграа на посакуваното ниво, посебно на натпреварите од ЛШ.
Владо Недановски (Вардар) – Одлично го водеше вардаровиот тим на неколку дерби средби и успеа да го извлече максимумот од секој поединец.
За најдобар тренер на сезона 2023/24 можете да гласате на линкот во продолжение…
ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)