Денеска во Скопје ќе се одигра последниот натпревар од Женската лига за оваа сезона.
Екипите на Спартак и Пелистер ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 25. коло од единственото женско сениорско натпреварување.
За двете екипи овој натпревар нема никакво значење, па така повеќе ќе биде од формален карактер.
Како што е познато, старо-нов шампион во домашниот шампионат е Ѓорче Петров, додека второпласиран е Чаир.
Ќе има и еден дуел од Првата лига, односно од 13. коло од прволигашкиот плеј-аут, ќе играат Борец и Преспа Вардар.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 СПАРТАК – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БОРЕЦ – ПРЕСПА ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ИШТАД – САВЕХОФ (ШВЕДСКА)
20:20 АЛПЛА – ЛИНЦ (АВСТРИЈА)