Прилеп рутински ја одработи претпоследната задача во плеј-аутот

Ракометарите на Прилеп на гостувањето кај Вардар Неготино дојдоа до важен триумф од 42:34 во рамки од претпоследното 13. коло од суперлигашкиот плеј-аут и само уште еден меч ги дели до директен опстанок во елитата. Како што е познато, тимот на Вардар Неготино ќе се пресели во Првата лига.

Прилеп во последното коло на домашен терен ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2 и овој дуел ќе одлучува која од двете екипи ќе обезбеди директен опстанок во најквалитетното натпреварување во Македонија.

Победникот на натпреварот беше одлучен уште во првиот дел кога прилепчани направија серија од 5:0 и од 8:8 дојдоа до 13:8 по првата половина од првиот дел. Неготинци се обидуваа да остават колку што е можно подобар впечаток, но Прилеп рутински го одработи преостанатиот дел од натпреварот.

На стартот гледавме ефикасна и квалитетна игра на двете страни, иако домашниот тим беше драстично ослабен, сепак, парираше колку што можеше во воведните петнаесетина минути и во неколку наврати одржуваше минимална предност.

Откако беше 8:8, гостите од Прилеп заиграа поангажирано и во 15 минута дојдоа до дотогаш највисоките плус три, 11:8. Избраниците на Мојсов започнаа да ги казнуваат грешките на домаќинот, не дозволуваа премногу напредок во играта на ривалот, дадоа уште два гола и зголемија на 13:8 во 17 минута.

Како што одминуваше времето растеше предноста на гостинот, кој на полувреме замина со 22:13 и ефикасно го одигра вториот дел. До крајот немаше поголема резултатска промена, домаќините бркаа голема негатива и веќе при предност на гостинскиот тим од 28:15 беше неизбежен високиот пораз на составот предвоен од Вељанов.

Поради убедливата предност, тренерот Мојсов шанса им даде на сите ракометари од клупата, а најефикасен беше Христи Бикоски со осум погодоци, по седум запишаа Давид Трајкоски и Томислав Квастек.

Кај Вардар Неготино шутерски расположен беше Мирослав Митевски со 13 погодоци во мрежата на гостинскиот тим.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142