До последното коло Вардар ќе сонува и ќе се надева дека може да ја врати титулата во своите витрини, откако го победи Охрид со 29-22 (15-11) во претпоследното коло од плејофот. По триумфот над охриѓани, Вардар останува на второто место на табелата, и ќе треба да победи во последното коло со Бутел, но и да чека кикс на Еурофарм Пелистер на домашен терен.
Теоретски се е можно, иако во моментов битолчани се поблиску до тоа да ја задржат титулата. Охрид дојде во Скопје по бодови, и така играше во текот на целиот меч. Не му дозволи на Вардар да биде комотен, ниту пак лесно да стигне до бодовите.
За Охрид беше важно да „откине“ некој бод, зошто така можеше да се надева дека во последното коло со победа би скокнал на третото место на табелата. Но, мораше прво да се покаже во Скопје.
Во првиот дел Вардар имаше водство, а во самата завршница и 3-4 гола во своја корист. Имаа шанса да отидат и на пет, ама останаа на тие неколку гола. Мартин Томовски во првиот дел имаше 8 одбрани за Вардар и беше човекот што ја направи разликата.
Кога Михаил Алалров во 34 минута го одби третото исклучување и мораше да се пресели на трибините, некако и одбраната на домашните како да доби големи пукнатини. Охрид брзо анулираше некој гол и дојде на негатива од еден гол (16-15), имаа и шанса да израмнат, ама Вардар со добра и пожртвувана одбрана се врати, и пак имаше „плус 3“ за водство 18-15.
Но, Охрид не му дозволуваше на домаќинот да дише лесно, па дојде пак на само два негатива, 19-21. Од исклучувањето н атемо Орјиникидзе профитираа „црвено-црните“ и со два гола по ред па се одлепија на „плус 4“ за водство 23-19 на 10 минути до крај на мечот.
Стефан Петриќ во 54 минута првпат му донесе предност од пет гола на Вардар, 25-20, а потоа Србинот пак зголеми на дотогаш највисоката предност, 26-21 во 55 минута.
Томислав Јагуриновски со гол во 58 минута му донесе водство на Вардар од 28-22, со што веќе стави крај на сите можни надежи на гостите за евентулен пресврт.
ТАБЕЛА