Тимот на Стружанка имаше победнички крај на сезоната во Женската лига, откако славеше против Спартак со 38-30.
И покрај тоа што Мила Мемов постигна 13 погодоци за тимот од Кисела Вода, тоа беше премалку за позитивен резултат.
Мендувие Далипоска и Марија Голабоска комбинираа 17 погодоци и заедно со Теодора Маркоска која додаде уште седум гола, беа најдобри во победничкиот тим.
Во првото полувреме гостинските ракометарки пружија достоен отпор, имаа неколкупати и реми, но попуштија пред паузата и Стружанка замина со предност од три гола, 17-14.
Во вториот дел гостинките комплетно беа надиграни и Стружанка рутински го доврши натпреварот.