Тимот на Талент Плзен, каде што игра македонскиот репрезентативец Никола Костески, загуби во третиот натпревар од финалната серија во чешкиот шампионат.
Плзен загуби на домашен терен со минималец, 27-26 од Карвина, и сега ривалот води со 2-1 во серијата „подобар до три“.
Десното крило Костески беше најдобар стрелец во домашниот тим и постигна шест погодоци во мрежата на Бањик Карвина.
Следниот натпревар на кој Плзен мора да победи за да остане во трката за титулата се игра на теренот на Карвина.