ЅВЕЗДА НА 24. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИВОНА ТРПЕВСКА (ВАРДАР)

Ракометарката на Вардар, Ивона Трпевска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 24. коло во Женската лига.

Десното крило на „црвено-црните“ во натпреварот против Спартак имаше девет успешни реализации, сите погодоци ги постигна од игра.

Вардарката доби околу 55% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Сара Миновска од Металург Автокоманда со 43%.

Во конкуренција за ѕвезда на 24. коло беше и кружниот напаѓач на Куманово, Сара Цветановска.