Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно се бореше да ја добие организацијата бидејќи младите ракометари на Алкалоид станаа прваци на Македонија. Во финалето на Ф4 турнирот, со 31-22 го победија Еурофарм Пелистер 2.
Во меч за третото место Струга беше подобра од Бисинов, победувајќи со 35-33.
Голманот на домаќините, Ѓорѓи Николовски беше прогласен за МВП на турнирот. Тој беше исто така избран во идеалниот тим на турнирот и на пионерскиот Ф4 што се одржа една недела претходно, но во Охрид.
За најдобар стрелец беше прогласен Панче Ристовски од екипата на Бисинов од Велес, а најдобар голман на турнирот е Иван Младенов од тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Во идеалниот тим на Ф4, имаше по два играчи од домаќинот, од Еурофарм Пелистер 2 и од Биснов, а само еден од Струга.
Oл стар тим на Ф4
голман – Ѓорѓи Николовски
лево крило – Карло Буторац
лев бек – Панче Ристевски
среден бек – Христијан Ѓурешевиќ
десен бек – Филип Мечкароски
десно крило – Марко Димовски
пивотмен – Александар Славков
МВП – Ѓорѓи Николовски
Најдобар стрелец – Панче Ристовски
Најдобар голман – Иван Младенов