Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според очекувањата против Јехона од Гостивар и дојде до нова победа во прволигашкиот плеј-оф.
Радовиш во рамки од 12. коло над Јехона триумфираше со 48:24 (25:10) и со денешната победа дојде до 29 бодови на свое конто.
Предводници во убедливата победа на Радовиш беа Зоран Стојановски и Костадин Ѓоргиев, двајцата ракометари постигнаа по десет погодоци.
До крајот од прволигашкиот плеј-оф треба да се одиграат уште две кола, а Радовиш е на добар пат да обезбеди суперлигашки бараж.
За последни два ривали Радовиш ги има екипите на Драчево и Шампион, кои и следната сезона ќе играат во Првата лига.
Табела: Бисинов 36, Радовиш 29, Младост 27, Металург РА 20, Драчево 20, Јехона 14, Македонија ЃП 6, Шампион 0