Откако се врати во родниот град, Велес како член на тимот на Бисинов, „мозокот“ на екипата, Ивица Илиев реши да остане на теренот уште една сезона. Тој го продолжи договор со екипата каде истовремено е играч, но и работи како дел од стручниот штаб.
Со него велешани ќе бидат поконкурентни следната сезона во Супер лигата. Илица Илиев е моторот и мозокот на тимот, еден од најзаслужните за успехот, и најдобриот стрелец на тимот. По долга пауза се врати во Велес каде ја почна играчката кариера. Потоа настапуваше за Овче Поле, Радовиш, Голден Арт.
Тимот на Бисинов експресно стигна до Супер лигата, и е без пораз досега, што е засега македонски рекорд. До крај на сезоната во Прва лига остануваат уште три кола, но тимот на Бисинов и теоретски се пласираше во елитата.
Велешани в година ќе го вратат супелригашкиот ракомет во градот, каде долги години прпеознатлив бренд беше Борец. Но, клубот е убедливо на дното во Првата лига, па Бисинов е единствената светла точка на Велес.