Израелскиот Макаби Ришон Ле Зион не успеа да ја одбрани титулата оваа сезона, откако загуби со 3-1 во финалната серија од Рамат Хашарон.
Последниот натпревар на домашен терен, кога Макаби Ришон загуби со 34-29, беше последен во дресот на тимот од Ле Зион за тројцата интернационалци.
Меѓу нив и македонскиот голман Градимир Чаневски, кој ова лето се враќа во татковината и ќе го облече дресот на Охрид.
Покрај Чаневски, од екипата заминаа и бековите Иван Карачиќ и Павел Атман, кои исто така менуваат средина.
Иако беше во комбинација за Бутел Скопје, Атман ќе остане во Израел, но во друг клуб, а иста е ситуацијата и со Карачиќ.