Екипата на Металопластика, која беше еден од учесниците на турнирот во Охрид минатата година, по завршувањето на тековната сезона ќе остане без главниот тренер Владан Матиќ.
Како што пренесува српскиот портал „Моцарт Спорт“, искусниот стратег својата кариера ќе ја продолжи во Унгарија и ќе биде предводник на суперлигашот Чургу.
Станува збор за клуб кој што сезоната во најквалитетното натпреварување во Унгарија ја заврши на 5. позиција и успеа да обезбеди пласман на европска сцена.
Интересот на петтопласираниот тим од унгарскиот шампионат за поранешниот селектор на Србија датира од минатата зима. Тогаш беа воспоставени првите контакти, но не беше постигнат договор.
Матиќ на чело на машката сениорска репрезентација на Србија беше во периодот од октомври, 2013, па сѐ до јуни, 2014 година. Својата тренерска кариера ја стартуваше во ПИК Сегед, потоа беше тренер на Ференцварош, Целје и Татабања, а клубот од Шабац го презеде во 2022.
Работеше и како помошен тренер во машката репрезентација на Унгарија, односно беше асистент на Иштван Чокнаи. Како репрезентативец на Југославија освои два бронзени медали на Мундијалот во 1991 и 2001 година.