Сторхамар е новиот шампион во Лигата на Европа

Екипата на Сторхамар од Норвешка е новиот шампион во Лигата на Европа за сезона 2023/24, откако во финалето на Ф4 турнирот во Грац славеше над Глорија Бистрица со два гола разлика, 29:27 (14:15).

Во натпреварот за трето место, односно за бронзениот медал се сретнаа екипите на Дунареа Браила и Нант, а на победа се радуваше францускиот тим, кој имаше повеќе среќа во „пенал рулетот“ и дојде до победа од 39:38.

Трофејот во ланската сезона го освои Никобинг, втор беше Икаст, третото место им припадна на ракометарките на Борусија Дортмунд, додека без медал заврши Турингер.

Македонија немаше свој претставник во второто по ранг европско клупско натпреварување кај дамите. Ѓорче Петров, Куманово и Чаир играа во Европскиот Куп, а најголем успех постигнаа Ѓорчепетровки, кои стигнаа до четвртфиналето.